Лоша вест за тие што во страв од следење ја покрија веб камерата на лаптопот, инсталираа пребарувач Tor, и ги сокрија пасвордите во password manager-и; Имено, се покажа дека дури и нешто безопасно како кабелот за полнење (конкретно кај MacBook) порачан од Кина во обид да заштедите некој денар, може да ве следи. Какви информации испраќа? Вашата локација.
Откритието доаѓа по заслуга на новинарите од Forbes. Неодамна тие најдоа кабли со слот за SIM картичка и вграден GSM модул. Овие акцесоари се вклучуваат во електричната мрежа и можат да бидат искористени од злонамерници кои сакаат да ја откријат вашата локација, па и да ви го прислушуваат телефонот. Да, и покрај елементарниот внатрешен „состав“, смарт каблите имаат капацитет да нé следат по пат на испраќање на информацијата кон еден конкретен центар.
Новинарите предупредуваат дека не се исклучува и можноста на пазарот да постојат уште поусовршени уреди кои трупаат кориснички информации во информациските облаци (ака. cloud), како слики, контакти, пораки и сл.
Експертите препорачуваат да бидете внимателни; да не ги полните електронските уреди на „непознати“ места, и да не купувате кабли од нелиценцирани трговци со сомнителна репутација.