Ќерката на Витни Хјустон се омажи за својот „посвоен“ брат

Боби Кристина Браун откри дека се омажила за Ник Гордон, кој нејзината мајка го одгледала како сопствен сим од неговите 12 години.Веста за венчавката ја открила ќерката на Твитер, објавувајќи фотографија од нивното венчавање и престените.

– Среќно венчани и многу заљубени, пишала Кристина под фотографијата.

Ник живеел со неа и нејзината мајка додека била жива, а во нивната фамислија дошол сосема случајно, откако неговиот татко завршил во затвор, а мајка му не можела да се грижи за него. Пејачката никогаш не го посвоила официјално, но сепак нивната врска го шокира семејството, а особено бабата Криси која го сметала тоа за инцест.

– Да, Ник и јас сме верени. Уморна сум од слушање на луѓето кои велат дека сум верена за својот брат или дека мојата мајка не би го одобрила тоа доколку е жива, напиша Крис во јули минатата година на Фејсбук.

kjerka

- Реклама -