Ќерката го обвини за сексуално вознемирување, Вуди Ален одговара: Тоа е лага!

Познатиот режисер Вуди Ален возврати на обвинувањата од страна на својата посвоена ќерка Дилан Фароу дека сексуално ја злоставувал во младоста, демантирајќи ги исказите како невистинити и срамни.

– Ален прочита за тоа во весник и вели дека обвинувањата се невистините и срамни. Наскоро детално ќе одговори, изјави официјален претставник на актерот.

Њујорк Тајмс наведе дека Вуди одбил да коментира.

Во отвореното писмо кое Њујорк Тајмс го објави на својата интернет страница, посвоената ќерка на актерот за прв пат ги коментира настаните од 1992. година, поттикната, наводно, од тоа што Холивуд продолжува да го наградува Вуди Ален.

Во продолжение прочитајте дел од писмото на неговата ќерка…

– Кој е вашиот омилен филм на Вуди Ален? Пред да одговорите, треба да знаете: кога имав седум години Вуди Ален за рака ме однесе во мрачен таван, налик на орман, на другиот спрат од нашата куќа. Ми рече да легнам на стомак и да си играм со електричниот воз на брат ми. Тогаш сексуално започна да ме злоставува. Сето тоа време разговараше со мене, ми шепкаше дека сум добра девојка, дека е тоа наша тајна и дека ќе одиме во Париз. Се сеќавам дека зјапав во тој воз, сконцентрирана на неговото движење. До ден денес ми е тешко да погледнам слична играчка…

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

dilan-ferou

Unsettling allegations: Farrow, seen here with Allen in Italy in 1991, wrote how the director would stick his thumb in her mouth, force her to get in bed with him and place his head in her naked lap

Public break-up: Around the time this picture of Allen, Farrow, little Dylan and her brother Ronan was taken in 1992, the actress and filmmaker split following the revelations of sexual abuse

Денес Вуди Ален е во брак со другата негова посвоена ќерка Сун – Ји Превин, а се земале  кога таа имала 19, а тој 50 години.

Scandalous relationship: Dylan Farrow accused her father of using his affair with his adopted daughter Soon-Yi (right) to cover up his abuse of her; the two married in 1997

- Реклама -