Популарната водителка Елен ДеЏенерис прв пат го забележала неверојатниот талент на Кем Ентони на јутјуб. Му дала шанса во живо да настапи во нејзината емисија пред милионскиот аудиториум, а тој не разочара.
Ентони пее од својата четврта година и вели дека неговите родители прв пат го забележале талетнот кога малиот пеел со рекламите на телевизија.
Нема сомнение дека ова момче ќе биде голема ѕвезда, а кога ќе го погледнете неговиот настап сигурно ќе станете и вие еден од неговите обожаватели.