Како што спомнавме во неколку наврати, вечерва учесниците на X Factor ќе пејат песни од своите ментори, а Даниел вчера изјави дека ќе ја пее омилената песна од Жељко.
И која ако не прекрасната „Љубави“ со која што Жељко го потсети сиот Балкан на својата стара љубов.
Кандидатите Даниел Кајмакоски, Илма Карахмет, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ, Маид Хечимовиќ и групата “Доктори” ќе се борат за пласман во суперфиналето пеејќи песни од своите ментори.
Вечерва на осмиот лајв ќе дознаеме кои пет натпреварувачи ќе влезат во големото финале.