Секој човек има сопствен мирис, по кој што можеме да препознаваме луѓе со прецизност до 85 проценти.
Ова го утврдиле научниците кои откриле препознатливи и одржливи модели во индивидуалната телесна миризба.
Специјалисти од Политехничкиот универзитет во Мадрид развиваат нов биометриски метод кој овозможува идентификација на луѓето.
Откритието може да доведе до воведување на нови биометриски техники за персонална идентификација, кои не се толку агресивни како оние што се користат во моментов.
На денешен ден проверката на идентитетот на повеќето аеродроми и граници е базирана врз споредба на физичката сличност на поединецот со сликата на личната карта или пасошот. И иако новите електронски пасоши се тешки за фалсификување, употребата на биометриски техники, базирани врз индивидуални физички карактеристики се поврзува со зголемена сигурност и безбедност.
Неколку биометриски техники, како отпечатоци за идентификација, даваат ниска стапка на грешка, но обично се поврзуваат со криминални досиеја, кои што од друга страна даваат висок процент на грешка. Поради оваа причина експертите бараат нови, помалку агресивни методи, како што е препознавање на телесната миризба, за да ја подобрат личната идентификација.