Јувентус го договори трансферот на Тевез

Италијанските медиуми најавуваат дека Карлос Тевез ќе биде ново засилување на Јувентус откако Старата Дама постигнала договор со Манчестер Сити.

Јувентус и Манчестер Сити го договориле трансферот на Карлос Тевез, италијанскиот шампион ќе плати 10 милиони фунти.

Аргентинскиот фудбалер ќе потпише три годишен договор и ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.

Sky Sports информира дека Тевез утре ќе ги помине лекарските прегледи и се очекува наскоро и официјално да биде промовиран како нов фудбалер на Јувентус.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -