Јувентус планира ова лето да го донесе Муани назад

Јувентус со план за враќање на Муани

Јувентус има намера повторно да го доведе Рендал Коло Муани во своите редови ова лето, јавува „Скај Спорт Италија“.

Напаѓачот на ПСЖ минатата сезона го помина со позајмица во италијанскиот клуб, каде остави силен впечаток со своите настапи.

Според италијанските медиуми, Јувентус сака да потпише договор под свои услови, особено потпирајќи се на желбата на францускиот репрезентативец да се врати во Италија. Во моментов, клубот од Торино чека сигнал од европскиот шампион за да знае дали ќе биде можен повторен договор за позајмица.

Дваесетишестгодишниот Муани постигна 10 голови и запиша три асистенции на 22 натпревари за Јувентус.