Јувентус, по поразот од Фиорентина (0:2), се соочува со сериозни проблеми во своите амбиции за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. “Старата дама” реши да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ со парични санкции.
Нервозата во торињскиот тим е неповратно ескалирала, што се одрази и на взаемните односи помеѓу играчите. За време на натпреварот, Влаховиќ и Локатели влегоа во вербален конфликт, што дополнително ја влоши ситуацијата во најкритичен период од сезоната. Клубот не сака да ја игнорира ваквата динамика во екипата.
Заради овој инцидент, управата на клубот реши да ги санкционира двајцата фудбалери финансиски, избегнувајќи потешки мерки, особено поради тоа што се приближува последниот натпревар во сезоната.
Со едно коло до крајот на Серија А, Јувентус се наоѓа на шестата позиција, со минимална шанса за пласман во Лигата на шампионите. За да го оствари тоа, ќе биде потребна победа во градското дерби против Торино, а истовремено, неговите конкуренти Рома и Милан не смеат да победат против Верона и Каљари.




