Мартинез не можеше да ги сокрие солзите радосници после големата победа и остварувањето на сонот на секој Аргентинец.
„Не можам да поверувам – го остваривме сонот. Го остваривме сонот на сите Аргентинци. Немам зборови да опишам како се чувствувам. Ова е еден момент кој никогаш нема да го заборавам, ни јас, ни моите колеги“, рече Мартинез.
За пенал-рулетот кој решаваше вечерва посочи дека ја сочувал смиреноста.