Јун Сун На ја маѓепса македонската публика на Скопје џез фестивал

Откога го отвори и ги претстави неколкуте освежувања и изненадувања на овогодинешниот 33-ти Скопски џез фестивал во Универзалната сала , директорот Оливер Белопета го најави и прекрасното дуо на јужно-корејската џез-вокалистка Јун Сун На и шведскиот гитарист Улф Вакениус. 

DSC_0029

Јун Сун На е позната по нејзините вокални способности. Со секоја песна, таа ја однесе публиката низ музичкото творештво од источната до западната култура со уникатни вокални интерпретации кои ве оставаат наежени.

„Добровечер, драго ми е што сте тука“ и „Благодарам“ започна Јун Сун На со нежен глас, кој подоцна се покажа многу помоќен од што првично звучеше. Публиката се заљуби во нејзиниот настап од првата изведба, а тоа што таа го даде ќе остане во сеќавањата на присутните долго време. Таа соработува со шведскиот гитарист-виртуоз Улф Вакениус веќе седум години, а музичките критичари велат дека нивниот дует е уникатен. Досега, тие имаат издадено два албума, Voyage (2009), и Same Girl (2010).

По нивниот настап, публиката имаше можност да ужива во музиката на американската композиторка и добитничка на „Греми“ награда, Тери Лин Керингтон. Заедно со својот квартет, таа го претстави нејзиниот актуелен проект “Money Jungle: Provocative in Blue”.

На полноќ во Сити Хол центарот настапи модерниот џез квартет, Обара Интернејшнл, воден од саксофонист Мачиеј Обара, еден од најпознатите музичари и композитори од генерацијата на „новиот полски џез“.

- Реклама -