Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска прогласи воена состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.

Северна Кореја минатиот месец ги прекина електричните водови инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и дигна во воздух делови од патишта што ја поврзуваат со Јужна Кореја, северно од воената демаркациска линија.

Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Џеонги и Донге, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона.

Прочитајте и:  Украински разузнавач: На Русите во Украина им се приклучија 2.000 севернокореjски војници, ги кријат што е можно повеќе
- Реклама -