Нејмар продолжува со магичните настапи во бразилскиот шампионат, откако суперталентираниот голгетер постигна прекрасен погодок за својот тим на дуелот со Атлетико Минеиро.
Бразилскиот репрезентативец беше во главна улога откако прими една топка на средината од теренот, па по извонредниот соло-пробив ја затресе мрежата на противникот. Со тоа, Нејмар на најдобар можен начин го прослави својот јубилеен 200. натпревар во дресот на Сантош, но за жал неговиот тим прокоцка предност од 2:0, па синоќешниот дуел заврши без победник, 2:2.
{youtube}Yg6mOCLVPK4{/youtube}