Аналитичарот Ненад Јовановиќ, за кој македонскиот народ постои од 1945 година, реплицира на критиката на таквиот негов став од режисерот Владимир Милчин.
„Па мислам стварно. Земаш едно зборче од едно банално прашање, па на тоа надоградуваш тези, си нафрлаш, си полемизираш сам со себе, па така озбилни историски процеси во кои има факти, ама има и когнитивни ресентимани, сеќавања, мистификации, ти правиш тема од која сакаш да се пресметаш со мене.
Ајде, бре, Милчине. Вчера ме бербатеа на тој сајт, за денес повторно да те користат за маша против ‘заевистите’, оти нели ти обожаваш да си критичен и да ги имаш “апсолутните вистини”.
Па дури и зборува од името на сите Македонци, зборува Милчин од името на сета историја, зборува од името на сите. Па што е тоа ако не е националистички дискурс? Кокетираш со антифашизмот, ми импутираш дека го негирам АСНОМ, па потоа сум ги негирал Коле Неделковски, па дури и сум ги негирал сите народни херои, небаре Милчин е прв другар со нив, небаре сведочи од прво лице.
Не му ја разбирам пизмата кон мене, ама мислам дека му ја разбирам. Не го плукам Заев, не хејтам, не се пресметувам со други луѓе во името на ‘нашата кауза’. И веројатно тоа му смета.
Нема да бидам против Заев, тоа треба да им е јасно; ја поддржувам Северна Македонија во Европа, верувам дека е ова најдобрата влада од осамостојувањето до денес, и тука отстапки нема.
Продолжете со черечење. Тоа е најдоброто што го правите. На черечење кариери направивте“, вели Јовановиќ во одговорот на Милчин преку својот профил на Фејсбук.