Камчев не е само еден човек, Камчев е синдромот на нашето труло општество, приказната на нашиот неуспех како независна држава.
Камчев е кога некој е близок до сите партии и влади, и преку тоа го присвојува за себе она што треба да ни припаѓа на сите, лишувајќи нѐ така од основните човекови права, како здравство, образование, чист воздух. Камчев е кога некој прави милиони од потта на мизерно платените работници, и тоа пак не му е доволно, па го дополнува со даночни малверзации, за тој да има повеќе, а другите помалку.
Камчев е кога некој ги поткупува судиите, обвинителите, инспекторите и сите други кои треба да се грижат законите доследно да се применувааат, и со тоа спречува да има владеење на правото и правда за сите. Камчев е кога некој ги купува медиумите кои треба објективно да ја информираат јавноста и ги претвора во мегафони кои застапуваат интереси на одредени групи на моќници. Камчев е кога некој ваков, глуми жртва и сите нѐ прави будали.
Најголемиот предизвик кој го имаме како општество е да расчистиме со Камчев.
Само ако го направиме тоа, може да нѐ биде.
Фејсбук статус на Бранимир Јовановиќ, активист и поранешен советник на министерот Тевдовски во министерството за Финансии.