Јованка Броз е во кома

 

Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа  Јованка Броз. Таа и понатаму е во животна опасност,  приклучена на апарати, соопштија лекари од Ургентниот центар во Белград.
Поранешната прва дама на Југославија е примена во Ургентниот центар на 23-ти август оваа година во многу лоша состојба.

По медицинската интервенција здравјето на Јованка било подобрено, се до вчера кога нагло и се влошила состојбата.

Сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ,  вчера  побарала да и биде исполнета последната желба и да биде погребана покрај Тито.

Оваа молба, до оние кои решаваат за тоа таа побарала да им ја пренесе нејзиниот биограф, писателот Жарко Јокановиќ, кој секојдневно, заедно со нејзините сестри, Нада и Зора ја посетува.

Се очекува за ова прашање да разговараат и членовите на Кабинетот на Ивица Дачиќ.

Инаку, во меѓувреме лекарите забранија какви било посети во болницата каде таа се лекува, со оглед дека нејзината здравствена состојба е многу влошена.

- Реклама -