Јована Јоксимовиќ е повторно бремена?

Убавата водителка и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, Јована облекла фустан во утринската програма, која ја води, кој го нагласува нејзиниот стомак.
Со оглед на тоа што Јована е позната по многу тенката линија, многумина ги зачуди ова нејзино заоблено издание, па почнале да шпекулираат за можната бременост.

590007_jovana-foto-fejsbuk_ff

Магазинот „Plus“ неодамна ја има сликано Јована во тесен фустан, каде нејзиниот стомак изгледал како на почеток на бременост. Јоксимовиќ тогаш не одговорила на гласините, па не го потврдиле, ниту негирале можното чекање на второ дете.

Сепак, судејќи според најновите фотографии, малиот Коста можеби наскоро ќе стане постар брат.

- Реклама -