Лани беше распишан конкурс за пејачи и композитори кои ќе добијат државни пари за промовирање на Македонска музика, во рамки на проектот „конкурс за стимулирање на македонската музичка продукција“, Владата ги одбра следниве пејачи:
Елвир Мекиќ и Елена Петреска ќе ги афирмираат семејните вредности
Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов се промовираа како композитори на народна песна.
Кристијан Габроски – четири примени композиции. Негови песни ќе пејат Анета Ристова, Александар Белов и две песни Елена Петреска – Толевска.
МРТ ја објави и листата со изведувачи и композиции кои НЕ се прифатени на конкурсот
Втора шанса ќе чекаат „Нокаут“, „Синтезис“, Адријан Гаџа, Слаткаристика, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, ДНК, Ѓоко Танески.
Од народните пејачи не успеаа да добијат пари Соња Тарчуловска, Ирена Спасовска, Наум Петрески и Ефто Пупиноски.