Јоци: Не ти простувам

Можеби на многумина ќе им звучи чудно и нема да сфатат, но јас навистина сум подготвена на тоа – ги сакав ТРИТЕ. Беспоштедно, бланко, со отворени раце.
Тоа е одлика на хиперсензитивните, да не знаат да сакаат малку, да се идеалисти и непоправливи романтичари.
И не се каам.

Пак би го направила истото.
Што е животот без импулс за праведно и правично !?

Секако, Катица ги извалка сите, па сега не знаеме кој е виновен, а кој невин. Се’ ни е исто.

Катица ми го уништи најубавиот период од мојот живот. Сите тие чисти емоции, верба, надеж, љубов од уличната борба за правда.

Не ти простувам.
Има нешта кои не се простуваат, а едно од тие е – предавство на сите наши идеали.

Се надевам, Катице, нема да те сретнам еден ден ни на тротоар.
А, ако те сретнам, ќе застанам и ќе те гледам. И ќе ќутам. Ако можеш да ме издржиш, добро.

А, нема. И со сите знајни и незнајни пари, пресиромашна си за моја душа.
Ете, ја уште возам кола, 20 години стара. Десет пати поефтина и од твојот мебел во дневна. Пошто кола е ствар за транспорт, да те однесе од точка ,,а” кон точка ,,б”.

Али, ти си празна и уништена, за век и веков. Не се живее од сеќавања.
Амин.

Добра ноќ

- Реклама -