Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци
Еве, јас никако да разберам како во 2019-та има луѓе кои Никола Груевски уште го викаат ,,претседателе” кај него на профил. А, тој, веќе две години не само што не е ,,претседател”, туку и една година е пребеган од земјава. И има пресуда за одење во затвор.
Кога се менува лидер во партија, според теорија и практика, се менуваат и структурите блиски до минатиот лидер. Тоа можеби на многумина им се чини сурово, но само така новиот лидер би воспоставил целосна контрола врз внатрешни колизии по смената, би елиминирал обид за внатрепартиски пуч и секако би донел свои луѓе и би изградил свој имиџ. Оние кои ќе се докажат дека се лојални и ќе работат во новата димензија – остануваат, на внимателна дистанца додека не се покажат, другите одат во политичка пензија и добиваат клоца во задник. Логично и потребно. Се чини дека во ВМРО уште има структури кои не прифаќаат дека Груевски е црно минато. И го збунуваат членството со тивка, а и гласна афирмативна промоција, на неговиот лик од сите срања.
Чистка направи и самиот Груевски со структурите на Георгиевски, кога дојде насилно на тронот, по ,,Панорама”, а и Заев уште побрзо расчисти со структурите блиски на ликот и делото на Црвенковски. И така некако си создадоа свој свет, безбеден, без луѓе кои играат на два терена и ќе бодат ножиња во одреден момент.
Се сечат од корен сите оние кои не можат да се навикнат дека животот оди понатаму и дека треба да го заборават стариот лидер по секоја цена, освен да си го бацуваат на слика по дома.