Јоци: Грујо во оваа фаза влезе по 10 години, а таа е последната

Бев скептик околу извиците ,,Северна, Северна”, вчера, на Мечкин камен. Не за друго, туку во толпа – се’ е можно.

Но, откако го прочитав коментаров кај владиниов советник, Забрчанец, од нивен член кој воедно ми е во френдови со години- се’ ми стана јасно.
Патем, освестувачкиот коментар, од непознати причини го нема повеќе на статусот.

Не само што сдсмовци стварно викале ,,Северна”, туку Владава не знае што со себе од вчера, па пак обвинува за лажни вести, монтажи, жолти комбиња, бла, бла, иако има и видео за тоа каде се слушаат извиците.

Дечки, пакувајте куферите.
Грујо во вашава фаза влезе по 10 години владеење. А, таа е последната.

- Реклама -