Јотова: Нема промена на позицијата кон РСМ, резултатите од пописот ќе бидат многу важни за Бугарија

Потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова, смета дека во моментов нема причина за промена на бугарската позиција кон земјава, и покрај сериозниот притисок врз кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ, Словенија.

Според Јотова, како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија уште еднаш ќе ја повтори својата теза дека за неа најважно е да се почитуваат правата на граѓаните со бугарска самосвест во земјава. Освен тоа, Јотова порача и дека резултатите од пописот во државава, ќе бидат многу важни за Бугарија.

„Доаѓаат многу загрижувачки сигнали. Уривањето на спомен плочите повторно започна. Ми се чини дека и работата на заедничката група меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не може да се пофали со какви било резултати, ветувањата за отстранување на одредени текстови од учебници ги нема никаде“, изјавила бугарската потпретседателка.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот
- Реклама -