Јосифовска: ПО НАЛОГ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ПОТПИШАВ ДА МУ СЕ ВРАТИ ПАСОШОТ НА КАМЧЕВ

Обвинителката Елизабета Јосифовска, чиј технички потпис стои во име на Специјалната обвинителка Катица Јанева на мислењето да му биде дадена времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев во мај 2019, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека тоа е одлука на Јанева и ни таа, ниту другата заменичка за технички потпис Ленче Ристоска, немаат овластувања одлуките на Јанева во нејзино име да одбијат да ги потпишат.

НА ОРЦЕ КАМЧЕВ СУДОТ МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ, СЈО ВИДЕЛО НА ТЕЛЕВИЗИЈА ДЕКА Е ВО КЕЛН
НА КАМЧЕВ МУ Е ВРАТЕН ПАСОШОТ ЗА ДА СЕ ЕДУЦИРА, ВЕЛИ СУДОТ
„За конкретниот случај, за давањето времен пасош на осомничениот во ‘Империја’ Јордан Камчев од Основниот суд Скопје 1 стигна барање за мислење до специјалната обвинителка Катица Јанева на 2 мај 2019 година. Камчев бараше да му биде издадена времена патна исправа. Јанева тогаш беше на одмор. Кај мене стигна готово мислење од Јанева, изготвено од соодветни стручни соработници. Ми беше донесено само на потпис“, тврди обвинителката Јосифовска, заменичката на Јанева за некруцијални акти на СЈО.

Потоа Јосифовска ја побарала предметната обвинителка на „Империја“ Лиле Стефанова, кој во тој момент користела годишен одмор.

„На колешката Стефанова и кажав дека кај мене на технички потпис е донесено мислење оти Специјалната обвинителка Катица Јанева се согласила времено да му биде издадена патна исправа на осомничениот Камчев. Стефанова ми рече: ’Јас не сум информирана за тоа’“, вели Јосифовска.

Потоа го побарала целиот предмет и ја прашала стручната служба дали за ова е информирана Јанева.

Целата статија на СДК.МК

- Реклама -