Јордановска: Никој нема да ме убеди дека Боки е главната фаца во “Рекет”

Фб статус:

Никој никогаш нема да ме убеди дека човекот кој до пред некоја година го знаевме по реалити шоуа, наеднаш, без ничиј грб (а тука не мислам на Катица Јанева) станува главна мафијашка фаца, седнат на трон, додека главни “новинарски бардови” му прават интервјуа во телевизијата “на татко му”.

Телевизија каде што цела Влада му доаѓа на честито, а тој гордо парадира помеѓу два викенди во Милано, на себе носејќи гардероба колку што ми чини станот, барајќи милиони евра од бизнисмени кои го имаат измислено зборот “рекет” додека Боки Тредичи уште бил во пелени.
Никој нема да ме убеди дека силата му дојде сама по себе, ниту пак дека му ја дала Катица Јанева.

Боки Тредичи не е македонската мафија. Тој е пионче, и тоа аматерче, во рацете на една нова мафија.
И преку глава ми е веќе да се занимаваме со опашките облечени во Луј Витон и Гучи, наместо со оние што ја држат палката во рака.

Ај да ги видиме истражниве органи кои засега немаат м*да да ја чепнат ни Јанева, а камо ли оние по чија наредба работел нашиов грев Тредичи.

- Реклама -