Јордан: Израел го влече регионот во океанот на смртта, мисли дека не мора никому да одговара

Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади го обвини Израел дека спроведува систематска политика на истиснување на Палестинците од Газа преку војна во која загинаа илјадници цивили.

Министерот за надворешни работи на земјата што се граничи со Западниот Брег, и која прими огромен бран палестински бегалци по формирањето на хебрејската држава во 1948 година, го обвини Израел дека „создава толкава количина на омраза“ што ќе го „прогонува регионот“ и „ќе ги обликува идните генерации“.

Израел го влече целиот регион „подлабоко во океанот на смртта“, оцени јорданскиот министер, оценувајќи дека „Израел мисли дека може да го направи тоа и не мора никому да одговара“.

Палестинскиот премиер Мохамед Штаје ги повика земјите да воведат санкции против Израел доколку продолжи да го крши меѓународното и хуманитарното право и резолуциите.

Прочитајте и:  Хамас ги повика арапските и муслиманските земји да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“

МИА

- Реклама -