Јоксимовиќ ќе пристигне во Скопје, заедно со уште 15 шлепери

Од Белград заедно со Јоксимовиќ ќе пристигнат уште 15 шлепери во кои ќе биде сместено озвочувањето, осветлувањето и се што подразбира сценска опрема за неговиот концерт во Скопје.Дополнително ќе дојдат уште 12 возила за бендот, пратечките вокали и техничарите.

„Опремата на стадионот ќе се поставува пет дена. Предниот дел на бината, тежок 40 тони, ќе биде долг 34 метри, а за поврзување на комплетниот систем ќе бидат употребени дури 60 километри кабли“вели организаторот на концертот и додава дека е предвидено настапот на српската ѕвезда да трае 3 часа.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево
- Реклама -