Јохан Блејк во одлична форма пред Олимпијадата

Актуелниот светски шампион Јохан Блејк уште еднаш ја потврди својата одлична форма во пресрет на Олимписките Игри, триумфирајќи на трката на 100 метри на митингот во Лондон.

Блејк беше побрз од Усеин Болт на трките на 100 и на 200 метри на националните квалификации на Јамајка, по што светскиот рекордер се пожали на повреда и реши да ги пропушти следните неколку митинзи. Тоа на најдобар начин го искористи токму Блејк, триумфирајќи убедливо во Лондон пред второпласираниот Мајкл Фратер, кој ја истрча оваа делница за точно десет секунди.

„Подготовките за ОИ течат на најдобар можен начин, се наоѓам во токму онаква форма каква што посакував. Немам пораз на 100 метри веќе извесно време, а знам дека можам да трчам и уште побрзо од времињата што ги поставувам. Имам право за оптимизам во пресрет на Олимписките Игри, иако ми е јасно дека нема да биде лесно бидејќи против себе ќе го имам Болт, но и уште неколку извронредни спринтери“ изјави Блејк.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

Настапот на овој атлетски митинг беше последна трка на актуелниот светски првак во пресрет на Олимписките Игри во Лондон.

- Реклама -