Јогата е најмоќно оружје против стареењето

Кардиологот и доктор Орнис од Сан Франциско во 1990 година докажал дека болестите на срцето може да се намалат со јога во комбинација со промени во исхраната. На изненадување на медицинскиот естаблишмент, тој, исто така, докажал дека јогата им помага на срцево болните да ги намалат масните наслаги кои постепено ги блокираат коронарните артерии.

1006-yoga

„Како некој кој е доктор повеќе од 20 години, можам да речам дека јогата едноставно е најмоќниот систем за општо здравје и добра состојба кој некогаш сум го видел. Дневната доза на јога го прави човекот поубав и сметам дека тоа е вежба за секого затоа што може да се прави дома на килим, на софа. Тоа што е важно е собната температура да не биде превисока и дишењето да биде правилно“, рекол Орнис.

Наместо земањето лекови и хируршки зафати, многу е поздраво да се вежба јога, да се медитира и да се внесува нискокалорична храна.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

yoga-2

Доказ дека е можно да се постигне кондиција и да се усоврши јогата во постари години  е Карла (50) која и покрај внесот на алкохол и цигари успева да остане еластична и здрава.

„Сакам да пијам вино и пушам половина кутија цигари дневно. Имам вишок килограми, но можам да стојам на глава и обожавам јога. Свесна сум дека не можам да ја спречам смртта, но занимавањето со јога сигурно може да ми помногне подолго време да останам здрава. На почетокот ми беше тешко да ги совладам сите вештини и движења, но со текот на времето и редовното вежбање успеав да почнам да уживам во неа. Болката во грбот почна да исчезнува и мускулите почнаа да ми реагираат, тоа е стимулативно и опушта. Јогата ја подобрува рамнотежата, силата на мускулите, ги ублажува менструалните болки, ја намалува анксиозноста, депресијата, го контролира дијабетесот, ја подобрува флексибилноста“, рекла Карла која секојдневно се занимава со јога.

- Реклама -