Ден Борис случајно создал хит кога направил календар со кучиња во јога пози. Оваа година тој повторно сака да го постигне истото, овојпат со кученца и мачиња.
Тој фотографиите ги создава со помош на неговата сопруга, Алехандра, која е јога инструктор. Тие ги местат кучињата и мачките во одредени пози, по што Ден ги обработува фотографиите со помош на Фотошоп за да ги постигне саканите пози. Календарите се голем хит, и нарачки пристигаат од Европа, цела Русија, Јапонија и многу други земји.
Ден вели дека оригиналните практикувачи на јога добивале инспирација набљудувајќи ги и имитирајќи ги животните. Сега таа практика свртела цел круг, и сега нашите миленици не имитираат нас.
[YogaDogz]