Јо-јо диетите се штетни за срцето

Повозрасните жени што ја намалуваат телесната тежина со диети и потоа ја зголемуваат поради јојо-ефектот на диетата, може да имаат проблеми со срцето, покажуваат новите истражувања.

Иако холестеролот, крвниот притисок, триглицeридите и шеќерот во крвта се подобруваат со намалувањето на килограмите, сепак, брзото враќање на почетната тежина поради јојо-ефектот, може сериозно да ја вложи здравствената состојба.

– За жените во менопауза одржувањето на тежината е исто толку важно колку и губењето на вишокот килограми, затоа што и најмалото враќање на килограмите може да води до срцеви проблеми – вели професорот Даниел Биверс, кој го спровел ова истражување.

Истражувањето траело пет месеци, а во него биле вклучени 100 жени во менопауза, кои имале проблеми со тежината. За време на диетата жените во просек изгубиле по 12 килограми.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Потоа, во текот на една година истражувачите ја следеле килажата на жените и забележале дека две третини од нив вратиле дури 70 отсто од целата изгубена тежина, значително влошувајќи го своето здравје.

Тој додал дека, според резултатите од едно минато истражување, жените кои ја вратиле изгубената тежина во текот на една година од губењето, имале повеќе масно ткиво отколку на почетокот. [Yo-Yo Dieting Can Hurt the Heart, Study Finds]

- Реклама -