Овие фотографии никогаш не требале да ја видат светлоста на денот, особено откако знаеме дека лицето на сликата непосредно по неа било осудено на ужасен крај.
Сериските убијци се пореметени луѓе кои веројатно никогаш нема да ги разбереме. Највознемирувачки се убијците кои ги сликаат своите жртви. Откако овие монструми биле конечно фатени, нивните трагични фотографски трофеи се често усвоени од страна на полицијата како доказ.
Лери Пирсон
Пирсон бил жртва на серискиот убиец Боб Бердел кој ловел и сексуално злоставувал млади момчиња. Бердел го киднапирал Лери, кој работел како машка проститутка и го приморал да биде негов сексуален роб. Нивниот однос траел 6 седмици, а кога Пирсон се обидел да побегне, Бердел брутално го убил.
Тод Стопс
Стопс бил исто така жртва на Бердел. Тој го киднапирал и го држел 2 месеци. Во текот на тоа време Бердел го силувал и мачел со електрични шокови. На крајот починал како резултат на обилно крварење.
Керен Спринкер
Спринкер имала 19 години кога била убиена од страна на серискиот убиец Џериј Брудос. Тој ја киднапирал од паркинг во трговски центар и ја приморал да испробува долна облека во неговата гаража. Недолго после тоа, Брудос ја убил со кука. Според полицискиот извештај Брудос имал секс со нејзиното мртво тело.
Џудит Дул
Дул имала само 19 години и веќе била разведена кога заминала вол Лос Анџелес за да започне кариера на модел. Тогаш го запознала Харвиј Глетмен. Тој се преселил во Лос Анџелес за да стане гламурозен фотограф. Го користел својот наводен идентитет за да намами жени во својата хотелска соба. каде би ги врзал, фотографирал и најпосле убил. Глетман ја измамил Џудит во собата за да ја фотографира за модел. За жал фотографијата завршила во крими магазин.
Ширил Ен Бридџфорд
Ширил била уште една од жртвите на Глетман. Тие се сретнале преку агенција за запознавање. Под лажно име, ја одвел на водење низ село. Кога биле доволно далеку од градот, Глетман застанал и ја наговорил да се соблече за него. Ја врзал, силувал и ја фотографирал точно пред смртта кога ја задавил.Нејзиното тело го оставил крај патот.
Шери Милер
Во 1984 година, серискиот убиец Вилијам Ричард Брадфорд ја запознал Шери вол Лос Анџелес, каде таа работела како келнерка. Бардфорд и рекол дека е професионален фотограф и ќе и помогне да започне кариера на модел. Тие двајца отишле во пустина надвор од градот на сликање. Тој направил неколку фотогарфии, а потоа ја задавил.