Пејачката Селена Гомез и босанскиот фудбалер Сејад Салиховиќ случајно се запознале додека двајцата биле на одмор на Дубаи, а потоа поминале неколку дена заедно.
Тие биле на излет во пустина, заедно јавале на камила, а потоа заминале на романтична вечера. На пејачката веднаш и се допаднал босанскиот фудбалер, кој во моментов игра за клубот Хофенхајм, бидејќи се разликува од нејзиниот поранешен дечко Џастин Бибер.
Oсвен што, како што велат нејзините пријатели, тој е многу позрел од Бибер, Салиховиќ нема проблем со законот, ниту пак со жените.