Шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак, денеска изјави дека утринските руски ракетни напади врз градовите низ Украина му покажуваат на цивилизираниот свет дека „руското прашање мора да се реши со сила“.
„Кукавиците напаѓаат игралишта, деца и луѓе. Ова е уште еден показател дека цивилизираниот свет мора со сила да го реши руското прашање“, изјави советникот на Володимир Зеленски, пренесуваат британските медиуми.
МИА