Јермак: Планот за победа ќе им биде делумно претставен на Украинците

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак изјави дека украинскиот план за победа, кој претседателот на таа земја Володимир Зеленски му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден минатата недела, ќе им биде претставен на Украинците, но само делумно затоа што има делови кои се доверливи.

– Ова е план на претседателот (Зеленски) и секако, како што вети, по презентацијата пред претседателот на САД и партнерите, мислам дека планот ќе им биде претставен на Украинците, рече Јермак.

Сепак, тој посочи дека има делови од планот кои се многу чувствителни и доверливи. Јермак изјави дека сè што ќе излезе во јавност се слуша не само во Украина, туку и од непријателот.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

– Некои детали од овој план се доверливи. Но, знаете, важно е спроведувањето на овој план да се види на непријателска територија и тоа да се види од резултатите и победите на нашата армија, рече Јермак.

Тој додаде дека Украинците ќе ја разберат потребата да не се откриваат одредени делови од победничкиот план. За време на неговата минатонеделна посета на Соединетите држави, Зеленски им го претстави победничкиот план на американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Камала Харис, актуелниот претседател Џозеф Бајден, членовите на Претставничкиот дом и членовите на Сенатот.

- Реклама -