Јеменските Хути тврдат дека истрелале проектил врз американски воен брод

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека истрелале проектил врз американски воен брод во Аденскиот Залив.

Портпаролот Јахја Сареа рече дека Хутите го гаѓале „USS Lewis B Puller“, експедициска мобилна платформа која служи во регионот за поддршка на Петтата флота на САД.

Сареа додаде дека тоа била една од „воените мерки во одбраната на Јемен и реафирмирање на одлуката за поддршка на угнетениот палестински народ“, пренесе Би-Би-Си.

Американската војска сè уште не ги коментирала информациите.

Хутите од ноември минатата година напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море со дронови и проектили во знак на одмазда поради војната што Израел ја води во Газа.

МИА

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -