Дојде крајот на сите гласини за името на следната верзија на Android. Според онлајн продавницата на Google Android 4.1 ќе се вика Jelly Bean.
Ова не е големо изненадување со оглед што Jelly Bean беше една од гласините со месеци. Она што е изненадување е фактот што името беше објавено вчера на Google Play. Особено зашто се чини дека објавата била грешка.
Според Lil Jones, корисник на XDA Developers форумот, популарен сајт за девелопери и модери на Android, Google Play го најавило Samsung Galaxy Nexus како „Најновиот смартфон од Google, наскоро и првиот телефон со Android 4.1 Jelly Bean“.
Сајтот Droid Life исто така го забележале истиот опис по додавање на Galaxy Nexus во Google Play шопинг листа. Но Google го тргналe описот на производот по само неколку минути. Иако Galaxy Nexus сè уште може да се купу преку Google Play во неговиот опис повеќе не се среќава Android 4.1.
Фотографијата на Galaxy Nexus со нова розово-зелена позадина и навидум нова функција за пребарување сè уште стои на Google Play. Од Google одбиваат да коментираат за оваа грешка или името Jelly Bean. Една работа што не е достапна ни на Google Play ниту од Google е кога треба да се појави новата верзија на Android.
Најдобро време за лансирање на новата верзија нормално би било на Google I/O, огромната конференција за девелопери која компанијата ќе ја организира од 27 до 29 јуни во Сан Франциско.
На последната I/O конференција Google го најави Android 4.0 Ice Cream Sandwich но истиот не беше достапен сè до ноември кога беше лансиран Galaxy Nexus. Ако не сте информирани за именувањето на Android, слатките имиња се одбираат по азбучен ред. Во текот на историјата на Android имаше Cupcake, Donut, Eclair, Froyo, Gingerbread, Honeycomb и Ice Cream Sandwich. Jelly Bean е логичен следен чекор.