Ако некој ја праша Јелена Карлеуша што мисли за “X faktor”, таа би рекла: „Мојата оцена за “X faktor”- НАПОРНИ И ДОСАДНИ.
Зае*и го шоуто во кое фустанот и шминката на Емина Јанковиќ е најинтересен момент“. Но, бидејќи никој не ја праша, таа ова музичко шоу го искоментира на Твитер.
Во свој стил, коментирала за жирито и за конкурентите, со заклучок дека ниту еден од нив го нема тој „икс фактор“ кој е потребен.
Од продукцијата на “X faktor” само на кратко изјавиле дека немаат коментар за овој став на Јелена за емисијата.