Не сака за ова да се зборува.
Пејачката Јелена Карлеуша го изгубила бебето во јануари оваа година, во осмата недела од бременоста, според Story.rs.
Пејачката сепак не сакала директно да ја потврди информацијата:
„Навистина не сакам да зборувам на таа тема. Ве молам да бидете обзирни. Доволно е ако кажам дека постојаниот стрес доведе до катастрофални последици. Тоа е само моја работа, моја интима и не сакам да се зборува повеќе за тоа“, рекла Јелена.
„Моментално не размислувам за трето дете, но никогаш не се знае“, рекла сепак Карлеуша.