Јазикот е огледало на вашето здравје: Вака (не) треба да изгледа!

Симптомите на болестите се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека првите знаци на болестите може да ги видите токму на вашиот јазик!

Токму јазикот на докторите им помага при поставување на најразлични дијагнози. На него може да се воочи настинката, грозницата, главоболката или лошата работа на дигестивниот систем.

Јазикот кај здравите луѓе треба да биде розов, чист и прекриен со ситни брадавички кои ги препознаваат вкусовите.

Но, кога јазикот е црвен, црн или бел, тоа укажува дека нешто не функционира како што треба во организмот. Отечениот јазик вообичаено значи дека се работи за алергија, додека темниот јазик може да значи прекумерна употреба на антибиотици или пак дека се работи за симптоми на сида.

91523701

Долгите бразди на јазикот означуваат пак дека најверојатно се работи за сексуално пренослива болест – сифилис, а мазниот и цврст јазик укажува на недостаток на витамин Б12.

Ако говориме за најсериозните нешта кои може да се воочат на јазикот, а тоа се токму раничките, израстоците или невообичаените крварења, тие може да упатуваат дури и на рак на јазикот.

Индиските доктори осмислија и софтвер кој би требало да помогне со помош на дигитални слики, кои ќе ги нуди споменатиот софтвер, останатите доктори полесно да воочат дали дошло до одредени промени на бојата или текстурата на јазикот, како и да воочат дали се работи за надуеност на јазикот.

Софтверот засега распознава 14 различни состојби, а докторите се надеваат дека наскоро ќе можат да развијат и сличен софтвер кој ќе може директно од очите да чита одредени податоци.

Она што научниците исто така го воочиле е дека дебелиот јазик може да биде главна причина за непријатното ‘рчење.

- Реклама -