Јавноста најмногу му верува на Том Хенкс

Американскиот актер Том Хенкс (56) е „ѕвездата во која јавноста има најмногу доверба“, покажуваат резултатите од истражувањата кои магазинот „Reader’s Digest“ ги спроведе меѓу нивните читатаели.

Јунакот „Форест Гамп“, кој зад себе има успешна 30-годишна кариера, доби најмногу гласови во анкетата. Зад него следат Сандра Булок на второто место и Дензел Вашингтон на третото.

На четвртата позиција се најде Мерил Стрип, а веднаш зад неа појатесата Маја Ангел. Стивен Спилберг пак го зазема шестото место.

- Реклама -