Поранешна Плејбој зајачица проговоре за своите сексуални искуства со сопственикот на „Плејбој“ Хју Хефнер.
Поранешната зајачица Кендра Вилкинсон нема проблем со срам, односно без проблем говори за се што и „лежи на душа“. Овој пат отворено проговори за својот пат до славата, кој го оствари преку „Плејбој“ вилата.
Познатата русокоса проговори за својот сексуален однос со Хју Хефнер.
„ Ме замоли да станам една од неговите зајачици. Не знаев за што точно се работи, но се согласив. Тогаш живеев во изнајмен и најгаден стан што постои, имав секакви с*ања и се молев некој да ме извлече, вели Кендра.
„ Не знаев дека и сексот е вклучен. Тој само праша – сакаш ли горе на спрат, и тоа беше тоа. Јас тогаш имав 18, а тој 78. Не бевме должни да имаме секс со него, беше тоа наш избор, го опишува своето Плејбој искуство.
Кендра денес има две деца.