Тим од истражувачи дојде до овој заклучок откако направија мал експеримент. Најпрво стерилизирале два јавни тоалета – машки и женски, а потоа ги пуштиле во употреба. Притоа го следеле наталожувањето на бактерии и вируси на даската од wc шолјата, подот и кутиите за сапун, водејќи сметка притоа кои бактерии и во кои количини се присутни на одредени површини. По затворањето на тоалетите, направено е уште едно мерење.
Според резултатите, за тоа време, фекалните бактерии не се размножувале во суво опкружување, а по затворањето на тоалетите, тие сочинувале само 15% од вкупната количина на пронајдени бактерии. Повеќето пронајдени микроби биле поврзани или со кожата (како Staphylococcus aureus) или со земја и билки (веројатно внесени преку чевлите).
Што се однесува до машкиот наспроти женскиот тоалет, со тоа што во женскиот се пронајдени вагинални организми на даската на WC шолјата.
„Што и да е на површините на јавните тоалети, потекнува од луѓе“, вели челникот на истражувањето Шон Гибонс, студент на Универзитетот во Чикаго. „Повеќето од бактериите не само што се бенигни (безопасни), туку можат и да бидат корисни по нашето здравје“.