Креаторот и администраторот на првата „Јавна соба“ која беше откриена лани, добија притвор од по 30 дена.
Една година по обелоденувањето на скандалот со „Јавна соба“, каде жртви беа и малолетнички, судот им изрече притвор од 30 дена на креаторот и администраторот на првооткриената група „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“. Тие беа приведени денеска и спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје.
Станува збор за Д.К. и М.П., кои се се осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија. Притворот, како што соопштија од судот, им е определен поради опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоците и ќе го повторат или ќе го довршат кривичното дело. Двајцата имаат право да се жалат до Кривичниот совет во судот.
Повеќе ТУКА