Рибината коска е една од најпопуларните фризури кои ги обожаваат сите девојки. Но, сега веќе се појави и нова димензија, наречена јастог-плетенка, која за кратко време стана вистински хит. Најдобро од се е што за оваа фризура не ви е потребен фризер, и истата можете за само неколку минути да си ја сплетете дома.
Потребно:
– Шноли
– Стегачи
– Лак за коса
-Чешел за тапирање
Постапка:
1. Распуштете ја косата, натапирајте ја малку со чешел и префрлете ја на една страна.
2. Доколку имате шишки префрлете ги на спротивната страна и пуштете ги пократките прамени слободно да паѓаат на лицето.
3. Косата поделете ја во два дела. Предниот (помал) дел да паѓа на лицето, долниот (поголем) на задниот дел од главата.
4. Задниот дел поделете го во три прамени и секој поединечно замотајте го. Привремено прицврстете ги со шноли за да не се одмотаат.
5. Предниот дел поделете го на два дела ( и двата треба да паѓаат на иста насока). Секој посебно замотајте го, а потоа извртете ги и меѓусебно за да се добие еден поголем замотан прамен.
6. И задниот дел замотајте го во еден прамен. После тоа предниот и задниот дел замотајте ги еден околу друг, прицврстете со шноли (најмногу внимавајте на косата зад увото, како и на долниот дел од плетенката).
7. Завршетокот прицврстете го со стегач за коса, а плетенката испрскајте ја со лак и наместете ја по ваша желба.