Јас, жена – Ката М. Руменова

Сите раскази од оваа збирка носат во себе една оригинална животна приказна – за потрагата по љубов и по сродна душа, за осаменоста, затвореноста во себе, зависта и злобата што не ни даваат да погледнеме со отворено и чисто срце околу себе, немањето време за дружење, презафатеноста на родителите, запоставеноста на децата… и за сите последици што произлегуваат од тоа.

Тука се и светските промени што го уништуваат човечкото достоинство, безглавата трка по слава и богатство… А каде е човекот во сето тоа?

kata

Ката Мисиркова Руменова почина минатата година на 82 годишна возраст. Беше истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет и драмски писател. Зад себе има многу романи, монодрами, телевизиски драми и преку шеесет радио драми за возрасни и деца. Работниот век го заврши како библиотекар. Ката инаку е внука на Крсте Мисирков.

- Реклама -