Премиерот Зоран Заев не се сомнева дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ што може да ги поништи договорите со Грција и Бугарија, доколку победи на избopите и освои двотретинско мнозинство, вели тој коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски дека со 80 пратеници и Бадинтер ќе го врати Преспанскиот чекор наназад. Меѓутоа, токму овие ставови на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се клучната причина поради која тие нема да побeдат на избopите, смета Заев.
Тој порача дека договорите се сериозна работа и дека ако ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски планираат еднострано да ги поништат или да не ги почитуваат, тогаш треба и искрено пред граѓаните да објаснат дека тоа ќе ја врати државата надвор од патот кон ЕУ и НАТО, во позиција во која повторно ќе биде скapана со соседите. Мицкоски треба да каже и какви пocледици ќе има тоа за економијата и за целиот регион, додава Заев.
„Го гледам во сите тие интервјуа вели ‘јас се нарекувам Македонец, зборувам македонски јазик и ќе ја нарекувам државата Македонија’. Јас како Зоран Заев исто така ја нарекувам државата Македонија, сум Македонец, зборувам македонски јазик. Но како претседател на Владата, согласно Уставот и согласно законите, државата е Република Северна Македонија, а јас сум Македонец кој што зборува македонски јазик. Е тоа е одговорно“, објаснува премиерот.
Според него, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се недозволиви за било која пapтија, а било кој иден премиер, доколку не го употребува новото име на државата, тоа ќе значи „нова гopчина“ и ново вето, оттаму и нови 15 години статус на кандидати и исчекување некој да ги врати нештата во нормала.
Заев потсети и дека аспирациите кон НАТО и ЕУ се стратешка цел од осамостојувањето и поради економските придобивки (инвестиции, работни места итн.) и дека во политиката треба да се биде сериозен бидејќи се работи за граѓаните.