Јаревски: Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, во спротива довербата на народот во судството ќе продолжи да паѓа

Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник

Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, не само што овозможи да избега Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп.

Пајазити свесно остави простор Блерим Рамадани да избега. Наместо ефективен затворски притвор, тој му допушти куќен притвор, иако знае за каков профил на човек станува збор и дека може лесно да се впушти во бегство.

Пајазити свесно допуштил да избега Рамадани и за тоа треба да сноси одговорност.

На ист начин Пајазити постапи и со Иџет Мемети заменик претседател на Советот на јавни обвинители кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Малборо. Пајазити наместо да пресуди казна затвор, тој пресуди условна казна за Мемети.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Од авион се гледа дека одлуките на Пајазити се мотивирани, а не според закон.

Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен. Институциите да постапат за негово разрешување, а веднаш потоа да отворат и соодветни постапки.

Доколку Пајазити не биде разрешен, довербата на народот во судството уште повеќе ќе паѓа.

За крај би сакале да најавиме на јавноста дека од утре ќе продолжиме со споделување на нови сознанија за овој случај.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -