Во поголемите градови на Јапонија куќите традиционално се мали, а квартовите пренаселени.
Компанијата Muji, која е позната со минималистичкиот дизајн, има создадено модел за вертикална куќа со цел заштеда на просторот. Во домот се користат различни стратегии за заштеда на место – нема внатрешни ѕидови и врати, големи скалила поминуваат низ целата висина на домот, има многу прозорци за светлина.
Прототипот на вертикалната куќа веќе е формиран во Токио.
Куќата ќе се продава за околу 180 000 долари. Еве како изгледа таа: