Јапонско поправање улици: Џиновска дупка затната за два дена

dupka_japan[1]

Делот од главната сообраќајница во центарот на јапонскиот град Фукуока кој пред неколку дена беше проголтан од џиновска дупка, не само што веќе е поправен, туку е и вратен во функција.

Демонстрирајќи типична јапонска ефективност, работниците успејаа да ја поправат дупката практично за само два дена, според локалните медиуми.

Кратерот со димензии од ширина и должина од 30 и 27 метри и длабочина од 15 метри, се отвори на 8 ноември, нешто после 5 часот утрото. Притоа, со себе ги проголта и канализацијата, дотокот на вода, дотокот на гас, телефонските линии, семафорите, како и електричните столбови. За среќа, немаше жртви.

618x564[1]

Во последната фаза од вкупно седумдневната санација (која вклучуваше замена на сите стари инсталации наведени погоре), дупката беше наполнета со 6.200 кубни метри песок и цемент. Веќе на 15-ти утрото, улицата беше оценета како безбедна и беше отворена за движење на автомобили и пешаци.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Градоначалникот на Фукуока – Соичиро Такашима, изјави дека поправениот дел е веќе 30 пати побезбеден од претходно, а најави и дека ќе биде создадена група од експерти кои ќе ја утврдат причината за колапсот на улицата. Во меѓувреме, барем според локалните медиуми, се шпекулира дека до колапсот дошло заради градежните работи околу проширувањето на подземните железнички линии.

Во меѓувреме, Јапонците се вистински херои на друштвените мрежи.

https://youtu.be/dB9VS8RLC9k

- Реклама -