Јапонскиов спорт се вика „Урни го столбот“

Како што објаснува професорот Ли Томсон – коавтор на книгата „Јапонски спортови: Историја“, се работи за чудниот јапонски спорт Botaoshi – во превод нешто во рамките на „Урни го столбот“. Ќе му дојде нешто како мешавина од рагби и „Capture the Flag“.

Ова на видеото е годишен настан на Националната академија за одбрана, а сите овие „спортисти“ се всушност млади војници. Има вкупно четири тима, секој формиран од еден од четирите баталјони на академијата, од кои два тима напаѓаат, а два се бранат (има уште еден ваков куп вон кадарот).

Со оглед дека е дело на воената академија, ништо чудно што изобилува со агресија и насилство. Се практикува и во доста школи, со тоа што е забрането влечење за облека, удари со раце или шутеви во фаца (како во видеото). Сепак, најголемиот дел од школите целосно го имаат забрането, бидејќи работите брзо излегуваат од контрола и стануваат преагресивни… што го прави суперинтересен за гледање.

- Реклама -